Од Скопје првите летови се за Бремен, Ларнака, Стокхолм и Келн

Првите полетувања од Меѓународниот Аеродром Скопје, во среда, 1-ви јули, кога аеродромот се отвора повторно за патнички летови се за Бремен (6:00), Ларнака (6:15), Стокхолм (6:30) и Келн (6:45), а ќе ги реализира авиокомпанијата Виз Ер, информираат од ТАВ Македонија, концесионерот на аеродромите.

Оттаму соопштуваат дека првите слетувања на аеродромот Скопје задутре се во 08:50 часот од Истанбул (Туркиш ерлајнс) и во 9:20 исто така од Истанбул со „Пегасус“.

За останатите летови, концесионерот упатува на информации на веб страницата во делот заминувања: http://skp.airports.com.mk/en-EN/passenger/flights/departure-flights, како и во делот на Пристигнувања: http://skp.airports.com.mk/en-EN/passenger/flights/arrival-flights.