Од сабота четврта фаза на прскање против комарци во Скопје


Авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 15 и 16 август 2020 (сабота и недела), во раните утрински часови, соопшти Град Скопје.

Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, како што посочија од Градот, ќе започне на 17 август 2020 (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 21 август 2020 (петок), во период од 21 до 03 часот, наредниот ден.

Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 19 август 2020 (среда), во текот на денот.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се вели во соопштението.