Од Русија заминува уште еден синџир за брза храна, се затвораат повеќе од 1.000 ресторани


„Јам брендс“ (Yum Brands), компанија која ги поседува синџирите за брза храна KFC и Pizza Hut, е блиску до продажба на KFC во Русија како дел од нејзиниот план за излез од тој пазар, објави компанијата во вторникот.

Компанијата соопшти дека планира целосно да излезе од Русија откако ќе заврши трансакцијата на KFC. „Јам“ од март соопшти дека го пренасочува целиот профит од своите операции во Русија за хуманитарни цели додека работи на излез од тој пазар. Компанијата додаде дека исто така ги запира сите инвестиции и развој, пренесува „Си-Ен-Би-Си“.

Во мај, тие ја продадоа својата франшиза од руската „Пица Хат“, која моментално се ребрендира.

„Јам брендс“, која исто така е сопственик на синџирот ресторани Taco Bell, објави во март дека ќе ги прекине своите операции во Русија, кога го активираше фондот за помош при катастрофи и даде донации за Црвениот крст, УНИЦЕФ, Светската програма за храна и Меѓународниот комитет за спасување.

„Јам“ е најновата западна компанија која ја прекина работата во Русија откако силите на Кремљ ја нападнаа Украина. „Мекдоналдс“ (Mc Donalds) ги продаде сите свои ресторани на постојниот носител на лиценцата во мај.

Од повеќе од 54.000 локации што ги има „Јам брендс“ ширум светот, имаше околу 1.000 KFC ресторани и 50 ресторани за Pizza Hat во Русија, од кои повеќето работеа според договори за франшиза.