Од роденден, до свадба: Се ожени актерот и пејач Драган Спасов-Дац


По една деценија љубов и заеднички живот, актерот Драган Спасов Дац и неговата партнерка Весна Терзиевска стапија во брак.

Актерот денес го слави својот 59. роденден и по тој повод вчера организирал роденденска забава во еден скопски локал каде Дац има свирка. За среќата да биде двојна, неговата сакана Весна му приредила несекојдневно изненадување кое, дефинитивно, не го очекувал.

Имено, таа организирала тајна венчавка – купила бурми, нарачала бидермаер и повикала матичар. На голема радост на најблиските кои биле присутни во локалот, Дац и Весна го кажале судбоносното „да“ и ја крунисале својата долгогодишна љубов.

Од претходниот брак, Дац има два сина.

Лани, тандемот Драган Спасов Дац и композиторот и пејач Александар Митевски ја објавија својата најнова балада „Душа бакшиш“ за која кажаа дека е боемска балада за сите генерации. Ова музичко дуо ја одбележува тригодишнината од нивното постоење, откако на „Макфест“ ја отпеаја песната „Уште ми фалиш“, аво време на карантинот уриваа рекорди со хитот „Чао корона“.