Од поп-ѕвезда до топ-дизајнерка: Ријана на Модната недела во Њујорк


САД– Поп-ѕвездата Ријана (31) не е актуелна со нов албум туку со нова модна колекција.

Во рамки на модната недела во Њујорк, ѕвездата од Барбадос, со спектакуларно шоу  ја претстави новата колекција на нејзиниот бренд Savage x Fenty.

Шоуто во Беркли арената во Бруклин го отворила лично Ријана со уште неколку модели кои стоеле во центарот на арената, по што следела танцова точка, како и перформанси од Халси и диџеј Калед.

Спред „Форбс“ поп- ѕвездата од Барбадос, Ријана, е најбогатата жена во музичката индустрија. Популарната Рири ја симна од тронот поп дивата Мадона и стана најбогатата пејачка во светски рамки.

На листата на престижниот економски магазин со жени кои самите го стекнале богатството, Ријана со заработка поголема од 600 милиони долари се искачила на врвот.

Успехот на Ријана не е изненадувачки ако се зема во предвид дека во изминатите неколку години популарната пејачка основа успешна козметичка компанија „Fenty Beauty’ (според нејзиното полно име Робин Ријана Фенти) , лансираше бренд на долна облека „ Savage x Fenty“ а од неодамна стана и дизајнерка на луксузна облека и модни детали, во соработка со луксузната групација ЛВМХ.

Со оваа соработка ѕвездата влезе во историјата како прва црна жена која ќе води модна куќа, предводена од ЛВМХ, и прва жена која е основач на оригинален моден бренд под покровителство на оваа групација.

„Fenty Maison“ е и првата етикета која настанала во ЛВМХ од 1987-ма година, кога е лансиран истоимениот бренд од дизајнерот Кристијан Лакроа.