Од понеделник таблици со Северна: Дали возачите сами ќе ги плаќаат?

Министерството за внатрешни работи од понеделник ќе започне со издавање нови регистарски таблички со ознаката „NMK“. Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на автомобилите.

Нејасно е дали возачите ќе мораат да ги платат новите таблички, кои во моментов чинат по 1.200 денари како што е случај при прва регистрација или доколку старата е оштетена или изгубена.

По официјализирањето на договорот за името, возилата што излегуваа од земјава, на граничните премини добиваа бесплатна налепница со новата кратенка.

Се очекува утре МВР да излезе со детали околу прашањето што ги интересира илјадниците возачи.