Од отпад до уметничко дело
На иницијатива на „Пакомак“ и „Нула отпад“ за почиста и поздрава средина повторно се објавува конкурс за уметнички дела од амбалажен и електронски отпад „Trash for Аrt“. За најдобрите дела направени само од електричен отпад следуваат специјални награди.
Наградниот конкурс „Trash for art 2023“ е отворен за возрасни и за деца, кои ќе се натпреваруваат во три категории: градинки, основни училишта, поединци и други институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други).
Во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди – за прво, второ и за трето место. Првата награда е во износ од 30.000 денари, втората 20.000 и третата 10.000 денари.
Делата од амбалажен отпад треба да бидат изработени од минимум 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или од различен тип амбалажа) и да бидат високи до 150 сантиметри. Делата од електронски отпад треба да бидат изработени најмалку од три дела од електронски отпад: батерии, мобилни телефони, матични плочи, светилки, хардискови, слушалки, цедиња, тастатури и други делови и да бидат високи до 150 сантиметри.