Од Опра Винфри до Меган и Хари- богатите бегаат од невремето на векот во Монтесито

Монтесито одлучи да ги евакуира жителите поради невиденото невреме кое го погоди округот Санта Барбара


САД- Невремето на векот со силен дожд што деновиве го зафати округот Санта Барбара во Калифорнија, поради што реките и потоците таму се излеаа од коритата и ги поплавија патиштата, резултираше со бројни драматични сведоштва и сцени, но и со одлука на властите во Монтесито да го евакуираат локалното население до смирување на невремето и санирање на последиците од невремето.

Веста веројатно ќе останеше незабележана доколку во оние кои беа принудени да ги напуштат своите домови не беа вклучени некои од најголемите имиња во светскиот шоу-бизнис, како што се телевизиските водителки Опра Винфри и Елен Деџенерис, пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум, Роб Лоу, Камерон Дијаз и принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл и нивните деца Арчи и Лилибет, на кои деновиве се вперени сите очи поради објавувањето на првиот дел од биографијата на Хари „The Reserve“.


„Реката на лагите буквално се излеа од коритото во Монтесито“, „Дали е ова божествен знак и одговор одозгора“, „Ако после ова не им е јасно што направиле…“, ова се само некои од најзлонамерните коментари до фотографиите на кои се гледа уништувањето во Монтесито, каде Хари и Меган купија луксузна вила во летото 2020 година за нешто помалку од петнаесет милиони долари.

Нивната куќа е уредена во калифорниски бохо стил, во декорацијата преовладуваат топли дрвени нијанси и сина боја, а покрај базенот и приватното игралиште со вештачко езеро, на располагање имаат и сауна, спа центар и соба со билијард, а се уште не се знае каде ќе одат Хари и Меган со деца по евакуирањето.


Инаку, Монтесито како рај за познатите личности го промовираше најголемиот филмски комичар на сите времиња, Чарли Чаплин, кој во 1928 година со група инвеститори изгради серија апартмани во кои познатите личности можеа да уживаат во морските радости, далеку од очите на јавноста.