Од октомври, минимална саатница во Германија ќе изнесува 12 евра


 

Германскиот парламент денеска одлучи да се подигне минималната саатница на 12 евра, од октомври годинава.

Минималната саатница, која во моментот изнесува 9,82 евра бруто, најпрво од 1 јули треба да се зголеми на 10,45 евра,а од октомври – 12 евра.

Законодавците поаѓаат од тоа дека во германија во моментот, околу 6,2 милиони вработени земаат саатница помала од 12 евра. Следното зголемување може да се очекува на почетокот на 2024 година, пренесе Индекс.хр.

„Ова не би било можно без Олаф Шолц“

Зголемувањето на минималната саатница беше едно до централните предизборни ветувања на владејачката Социјалдемократска партија на Германија – СПД.

Без Олаф Шолц не би се зголемиле саатниците“, рече министерот за труд Хубертус Хеил во петокот. Тој додаде дека зголемувањето на саатницата, на оние кои заработуваат најмалку ќе им донесе „осетно повеќе во паричниците“.

Левицата поддржува, но…

Законот за зголемување на минималната саатница го поддржаа партиите од социлајдемократската-зелена-либерална коалиција и партиите на левицата, но опозициските пратеници од ЦДУ/ЦСУ Унијата и десно популистичката Алтернатива за Германија – АфД се воздржаа од гласање.

Левицата го поддржа зголемувањео на минималецот, но укажа на тоа, дека не ја следи стапката на инфлација.

Зголемувањето на минималецот го критикуваше Здружението на германски работодавачи, а го поздравија претставниците на синдикатите.