Од недела повремен дожд, од вторник опаѓа температурата
За време на викендот времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне претежно во западните делови со услови за краткотраен повремен дожд.
До крајот на периодов ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд.
До вторник ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Во среда ветерот ќе го смени правецот во источен, а во четврток во североисточен. Од вторник дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање.
