„Од небо до дно“ – Каролина со нова поп-песна по 12 години
Како што најави на нејзиниот голем концерт на отворено во јули (дека следи нешто ново и возбудливо), Каролина Гочева- Корубин вчера го претстави синглот ,,Од небо до дно”, нејзината прва поп песна после 12 годишна пауза.
Музиката е на Каролина Гочева, аранжманот на песната е на Роберт Билбилов, а текстот на Владимир Даниловиќ и Весна Малинова. Снимањето, микс и мастеринг се одвиваше во “JUST RB PRODUCTION”, додека видео спотот е режиран и реализиран од “Пирка”.
Зад целиот проект, како извршен продуцент стои Авалон Продукција.
За стајлингот на Каролина во спотот се погрижи Јована Зука, за шминката Дадар,
а за фризурата Јасмина Костиќ.
Танчери: Леонтина Ѓорѓиевска и Веселин Трајковски
Кореограф: Елена Стојкоска и Ивана Балабанова (Beatrix Crew)
Во исчекување на новиот албум со 11 песни, преработки на најубавите македонски евергрини, во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, фановите, под ѕвездено небо, на концертот во јули, на Стадионот на Армијата ги слушна нејзините најголеми хитови низ 30-годишната кариера- од поп до етно. Месецов, закажаниот концерт во Охрид, го одложи за наесен заради коронавирусот.