Од Матс Густавсон до Јордан Костов: Што носи 40. Скопје џез фестивал

Во атмосфера на политичка презаситеност условена од локалните избори во земјава, на урбано Скопје ќе му се случи Скопскиот џез фестивал една од водечките културни манифестации во Македонија. Јубилејното 40. издание ќе се одржи од 20-24 октомври, во НОБ и во МКЦ Кино „Фросина“ и покрај најавите во март дека може да не се одржи заради намалените средства за финансирање од Министерството за култура.
Годинашното издание донесува ексклузивна и уникатна програма – ќе настапат врвни џез музичари од земјата и светот, а како бонус се два документарни филмови: Aretha Franklin: Amazing Grace и Blue Note Records: Beyond The Notes. Претходно, на 18 октомври, во галеријата на МКЦ ќе биде отворена изложба на сите постери од СЏФ, насловена „Complicate siply“.
Програмата на годинешниот 40.СЏФ тука