Од Македонија има 341 лице на списокот на Трамп за депортација од САД


Доналд Трамп (Фото: Ројтерс)

 

Во Америка со децении се во сила закони за апсење и депортирање на прекршителите на имиграцијата. Според податоците на Имиграциската служба на САД од јануари оваа година, државјаните на земјите од Западен Балкан се исто така определени за депортација, без разлика дали се во притвор или на слобода. Според земјите, како што објави Ал Џезира, тоа изгледа вака:

* Босна и Херцеговина – 185

* Косово – 118

* Црна Гора – 68

* Северна Македонија – 341

* Хрватска – 126

* Србија – 50

* Словенија – 16

* Од Југославија 845 души

Бројките покажуваат дека моментално има 1.445.549 странски државјани на списокот на незатворени лица на Имиграциската служба кои имаат конечни наредби за депортација.

Во оваа земја живеат околу 51,5 милиони луѓе кои не се родени во САД. Три четвртини од нив се легално во Америка, а 49 отсто се американски државјани, пет отсто имаат студентска, работна или дипломатска виза, додека 27 отсто се без документи, што сочинува 13,7 милиони лица без документи кои живеат во САД.

Откако ја презеде функцијата на 20 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп ги интензивираше апсењата и депортациите на мигрантите без легален престој, и покрај острите критики од граѓанското општество и организациите за човекови права. Тој прогласи вонредна состојба на границата меѓу САД и Мексико.

Покрај тоа, американскиот Конгрес донесе построг закон за миграција. Според законот, мигрантите без важечки статус на жителство сега можат да бидат задржани во имиграциските центри не само за тешки кривични дела, туку и за помали прекршоци, како што е кражба во продавници.

Во првата недела од вториот мандат на Трамп беа уапсени речиси 2.400 мигранти, а американската гранична агенција од тогаш секој ден објавува нови податоци за апсењата. Апсењата, наводно, се насочени првенствено кон мигранти со претходни кривични пресуди.