Од лизгање на земјиште во Кина загинаа 20 луѓе

 

Најмалку 20 луше загинаа на југозападот на Кина, кога се излизгало земјиште, пренесоа кинеските медиуми.

Одронот се случил во село во планинската провинција Гуејџу, околу 2.300 километри од Пекинг.

Спасувачите трагаат по уште 25 луѓе кои се водат како исчезнати.

Лизгање на земјиштето е често во селските и планинските области на Кина, особено по силни дождови.