Од Ковид-19 заразени 940 морнари од носачот на авиони „Шарл де Гол“ и неговата придружба


Со Ковид-19 се заразени 940 од вкупно 2.300 морнари на носачот на авиони „Шарл де Гол“ и неговата придружба, јави дописникот на МИА.

Оваа информација ја потврди директорката на централната здравествена служба на армијата, Д-р Марили Гигакс Женеро, која беше повикана да сведочи пред комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружените сили при Сенатот на Франција.

Бројката за 940 заразени е добиена откако сите членови на екипажот беа тестирани.