Од Ковид-19 во болница се лекуваат 357 пациенти, тројца на респиратор


Фото: Б. Грданоски

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и една мајка позитивни на ковид-19, три деца и три мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се две, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се три пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 185, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска се во Чаир – 64, Гази Баба – 108, Аеродром – 170, Карпош – 138, Центар – 158, Кисела Вода – 112, Ѓорче Петров – 68, Бутел – 38, Шуто Оризари – 18, Студеничани – 9, Сарај – 16, Арачиново – 5, Илинден – 34, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 5, Петровец – 7, Зелениково – 3 и 10 странци