Голем скок на бројот на починати од короната – 19 лица
Податоците од последните 24 часа дека пандемијата не стивнува, а дека статистиката бележи 19 смртни случаи. Од нив шестмина се пријавени дека починале во месеците ноември и декември. Направени се 2.549 тестирања, а регистрирани се 415 нови случаи на Ковид-19. Процентуално тоа изнесува 16,2 отсто, што е за неколку проценти повеќе во однос на претходните денови. Освен во Скопје, бројот на заразените и натаму брзо се зголемува во Прилеп и Кавадарци. Во прилеп се регистрирани дури 62 нови случаи.
Според градови:
-Скопје 170
-Прилеп 62
-Кавадарци 32
-Велес 25
-Неготино 20
-Охрид 12
-Струмица 11
-Гевгелија 10
-Куманово, Тетово и Штип – по 8
-Богданци 7
-Струга 6
-Крива Паланка 5
-Кратово, Демир Капија, Кочани и Крушево – по 4
-Гостивар и Кичево – по 3
-Битола, Делчево и Валандово – по 2
-Виница, Дебар и Демир Хисар – по 1
Од пријавените 19 смртни случаи дури 11 се од Скопје (69, 75, 80, 65, 66, 61, 67, 72, 76, 71 и 68), два пациенти од Тетово (79 и 65) и по еден пациент од Куманово (50), Прилеп (78), Велес (77), Охрид (87), Кичево (51) и Гевгелија (69). Сите освен еден се починати во болница.
Регистрирани се 244 оздравени пациенти:
-Скопје 110
-Кавадарци 24
-Прилеп и Велес – по 17
-Куманово 12
-Струмица 9
-Битола 8
-Ресен 7
-Гостивар 6
-Неготино и Берово – по 5
-Тетово 4
-Штип 3
-Охрид, Кратово, Демир Капија, Виница, Радовиш и Дојран – по 2
-Богданци, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Пехчево – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 497.268 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525.