Од Ковид-19 починаа 28 лица, регистрирани нови 557 заразени од 3.885 тестирања
Во последните 24 часа регистрирани се нови 557 случаи на Ковид-19, од направени 3.885 тестирања. Оздравени се 572 пациенти, а починаа 28 лица, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи, во Скопје се 268, Куманово 39, Велес 29, Кавадарци, Кичево и Струмица по 19, Тетово и Штип по 17, Прилеп 16, Радовиш 15, Кочани 12, Битола и Охрид по 10, Кратово 8, Свети Николе 7, Гевгелија, Гостивар и Ресен по 6, Валандово и Неготино по 5, Делчево, Крива Паланка и Струга по 4, Виница и Пробиштип по 3, Македонски Брод 2, Дебар Македонска Каменица, Пехчево и Берово по 1.
Регистрирани сe 572 оздравени пациенти од Скопје 281, Куманово 39, Битола 33, Тетово 27, Струмица 24, Кавадарци и Кичево по 21, Гостивар 20, Прилеп 14, Радовиш 12, Дебар 11, Штип 10, Ресен и Крива Паланка по 9, Пробиштип 7, Велес и Кочани по 5, Неготино и Валандово по 4, Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Виница по 3, Охрид, Богданци, Кратово и Македонска Каменица по 1.
Пријавени се 28 починати лица – 11 починати лица од Скопје (81г, 78г, 78г, 77г, 76г, 75г, 74г, 72г, 72г, 65г и 58г), по 3 починати лица од Струмица (85г, 78г и 74г) и Тетово (77г, 69г и 69г), по 2 починати лица од Гостивар (78г и 63г) и Куманово (68г и 45г), по едно починато лице од Битола (74г), Кичево (78г), Валандово (83г), Кавадарци (74г), Гевгелија (87г), Охрид (59г) и Струга (62г).
Од пријавените 28 лица, 26 се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.
Направени се 3.885 тестови преку: ИЈЗ-270, ЦЈЗ Скопје-53, ЦЈЗ Битола-61, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово–60, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија – 16, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-213, Биотек-240, Систина-114, лабораторија Лаор-170, Синлаб-14, Ремедика-18, Плодност–37, Генеа-15, Никоб лаб-451, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-52, Ројал Медика –15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.696.
Досега во земјата се направени вкупно 1.238.106 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 185.450 бројката на оздравени пациенти е 166.099, на починати е 6.367, а бројот на активни случаи изнесува 12.984.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 80.304, Активни 5.764
Куманово 10.900, Активни 901
Тетово 10.698, Активни 1.069
Прилеп 8.859, Активни 272
Гостивар 7.903, Активни 598
Битола 6.897, Активни 237
Велес 5.994, Активни 275
Охрид 5.751, Активни 625
Кавадарци 5.686, Активни 188
Струмица 5.546, Активни 498
Штип 5.504, Активни 229
Кичево 3.855, Активни 489
Струга 3.740, Активни 650
Кочани 3.105, Активни 125
Гевгелија 2.342, Активни 67
Неготино 2.287, Активни 38
Свети Николе 1.807, Активни 118
Ресен 1.492, Активни 110
Радовиш 1.461, Активни 114
Дебар 1.435, Активни 160
Крива Паланка 1.337, Активни 50
Берово 1.188, Активни 53
Делчево 1.102, Активни 63
Виница 997, Активни 43
Пробиштип 886, Активни 42
Валандово 777, Активни 31
Богданци 540, Активни 19
Крушево 518, Активни 15
Кратово 520, Активни 62
Македонски Брод 458, Активни 31
Демир Хисар 420, Активни 12
Демир Капија 406, Активни 4
Пехчево 309, Активни 11
Македонска Каменица 287, Активни 17
Дојран 139, Активни 4.