Бројот на активни случаи од Ковид-19 падна на 6.257


Фото: Б. Грданоски
Бројките на новите случаи од корона вирусот и натаму се намалуваат, а во голема мерка растат пациентите кои се оздравени. Денеска беа реагистрирани 123 случаи на Ковид-19 од направени 2.598 тестирања што е само 4,7 отсто од примероците. Во последниве 24 часа регистрирани се дури 3.803 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи падна на 6.257. Починаа 17 лица, од кои најмладиот има 53 години. 
 
Според податоците на Институтот за јавно здравје, половина од новозаболените (64)  се во Скопје. Во Битола се регистрирани седум нови случаи, во Куманово седум, во Охрид пет, во Прилеп, Велес, Гостивар и Струмица – по четири, Тетово – три, Штип, Струга, Кочани, Демир Хисар и Кратово – по два. По еден нов случај има во Кичево, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница и Македонска Каменица.
 
Од починатите, тројца се од Куманово (53, 61 и 82), по двајца починати има од Скопје (75 и 78), Тетово (68 и 85), Битола (62 и 94) и Кочани (54 и 71) и по едно починато лице од Прилеп (68), Гостивар (72), Охрид (78), Струмица (77), Радовиш (73) и Виница (61). Тројца се починати во домашни услови, а 14 во болнички услови.
 
Од вкупниот број на оздравени, 3564 се пријавени како позитивни во периодот 01.01-31.03.2021. Се работи за лица кои не се пријавени досега како оздравени до ИЈЗ, а кај кои се поминати 20 дена од позитивен резултат. Овие лица за време на болеста биле хоспитализирани или немале матичен лекар или се странски државјани па затоа не излегол предлог за оздравување во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ, информираат од Министерството за здравство.
 
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 154.494, бројката на оздравени е 143.069, а на починати е 5.168. Досега се направени вкупно 748.069 тестирања.
 
Дистрибуцијата на активни случаи по градови:
 
Скопје 68.165, активни 2.650
Куманово 8.759, активни 547
Прилеп 8.255, активни 307
Тетово 7.183, активни 244
Битола 6.257, активни 446
Велес 5.458, активни 185
Гостивар 5.154, активни 136
Кавадарци 5.141, активни 103
Охрид 4.974, активни 290
Штип 4.951, активни 146
Струмица 4.092, активни 146
Струга 2.969, активни 106
Кочани 2.768, активни 95
Кичево 2.526, активни 159
Гевгелија 2.189, активни 67
Неготино 2.177, активни 52
Свети Николе 1.517, активни 68
Ресен 1.233, активни 100
Крива Паланка 1.217, активни 23
Радовиш 1.129, активни 64
Берово 1.026, активни 16
Делчево 964, активни 46
Дебар 938, активни 10
Виница 870, активни 95
Пробиштип 785, активни 17
Валандово 664, активни 12
Богданци 493, активни 18
Крушево 488, активни 34
Демир Хисар 396, активни 37
Демир Капија 396, активни 5
Кратово 363, активни 11
Македонски Брод 356, активни 1
Пехчево 266, активни 4
Македонска Каменица 243, активни 17
Дојран 132, активни 0.