Од корона вирусот почина уште еден доктор, д-р Ѓорѓи Денков

 

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари АСМЛ на својот Фејсбук профил извести дека денеска на 67-годишна возраст од животот почина познатиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков.

Имено, ова е деветтата жртва од медицинската фела од почетокот на епидемијата од корона вирус.

Од Асоцијацијата апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на вирусот.

IN MEMORIAMДенеска во 67-та година од животот почина познатиотиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи…

Posted by Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ on Петок, 23 октомври 2020