Од колачи до чорапи: Д-р Фаучи е новиот суперхерој


САД- Време е да направите простор во фиоката за суперхерои. Д-р Ентони Фаучи (79), директорот на Институтот за алергија и заразни болести на САД, кој многумина го сметаат за лице на американската битка против коронавирусот, стана славна личност преку ноќ – и сега неговото лице и пораки со поддршка се смешкаат од производи за домаќинство до облека.

Фаучи е истакнат член на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп за борба против коронавирусот. Тој е на неговата позиција во Националниот институт за здравство, од 1984 година и досега советувал шест претседатели за националните здравствени проблеми.

Ова се неколку производи што американските граѓани можат да ги нарачаат и да дадат поддршка за најистакнатиот медицински експерт во земјата.