Од каде доаѓаат најмногу инвестиции во Србија


По рекордниот прилив на странски директни инвестиции во Србија во 2019 година од 3,8 милијарди евра, значителен прилив продолжи и во текот на минатата година. Иако имаше пад поради корона кризата, 2,9 милијарди евра, колку што беше износот на инвестициите во 2020 година, секако е добар резултат, пишува „Блиц“.

И додека некако се има впечаток дека инвестициите доаѓаат претежно од најголемите земји, вистината е сепак поинаква. Годишниот биланс сè уште не е направен, но според податоците на Народната банка на Србија, Холандија вложила најмногу пари во првиот квартал од минатата година, 411,8 милиони евра, по што следат Кина со Хонг Конг, Тајван и Макао, со 332,2 милиони евра.

Меѓу првите 10 земји чии инвеститори вложиле пари во Србија, се Германија со 214,2 милиони евра, Австрија со 101,2 милиони евра, а останатите шест најдобро пласирани инвестирале помалку од 100 милиони евра.

Изненадување за лаиците е веројатно фактот дека Холанѓаните се наоѓаат на списокот пред Кинезите. Во исто време, може да биде изненадување што Руската Федерација е само на осмото место на оваа листа. Оние од Малта се подобри од руските инвеститори.

Едноставна пресметка исто така покажува дека пристигнале повеќе инвестиции од Австрија отколку од Америка и Русија заедно.

  • Холандија – 411,8 милиони евра
  • Кина (вклучувајќи ги Хонг Конг, Тајван и Макао) – 332,2 милиони евра
  • Германија – 214,2 милиони евра
  • Австрија – 101,2
  • Велика Британија – 94,2
  • САД – 63,4
  • Малта – 60,1
  • Руска Федерација – 47,4
  • Словенија – 42,8
  • Франција – 38,5

* во милиони евра

„Блиц“ пишува дека според српската Централна банка, Холандија е на прво место, меѓу другото, и поради фактот што некои странски инвеститори поради даночните олеснувања, како и поради тоа што има еден од најлибералните финансиски и банкарски системи што овозможува слободно работење на правни лица основани за извршување на одредени специфични трансакции, инвестициите се прават од подружници во Холандија, иако седиштето на матичната компанија е во друга земја.

„Меѓу другото, на овој начин, споменатите правни лица регистрирани во Холандија добиваат третман и како инвеститори од Европската унија“, истакнува НБС, додавајќи дека конечните резултати за цела 2020 година, сепак, може да донесат и одредени измени.