Од јуни нов тест на Ковид-19 на примерок од плунка


Француски конзорциум денеска покрена последна фаза од производството на најновиот скрининг-тест за откривање на новиот корона вирус, врз основа на плунка.

Тестот ќе го прават професионлаци кои ќе собираат помалку од милилитар плунка од пациентите, а потоа промерокот ќе го поделат во две епрувети на 65 степени Целзиусови, по што ќе се чита резултатот, пренесе Ројтерс.

Конзорциумот кој се состои од компаниите „Водо“, „Скул сел“ и лабораторијата ЦНРС, се надеваат дека најновиот тест ќе се најде на азарот до половината на јуни.