Од јули враќање на евтината дневна тарифа, но и ДДВ од 18 отсто за струјата


Стапката на ДДВ од 10 отсто за електричната енергија постепено ќе се враќа на 18 проценти, за што анализите се при крај, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмин Битиќи, кој беше гостин во утринската програма на ТВ Телма. Тој објасни дека ЕСМ дава предлог кон ЕВН Хоум, а потоа Регулаторната комисија ќе донесе одлука, која се очекува да се знае кон крајот на јуни.

– Имаме месец и пол пред нас, а ние не зависиме само од домашните поизводители на струја, рече Битиќи.

Битиќи најави дека од први јули годинава, граѓаните повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на струјата која беше укината токму во мандатот на оваа Влада.

– Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од први јули, рече Битиќи.

Тој потсети дека цената на електричната енергија ја утврдува РКЕ преку соодветни параметри.