Од јануари минималната саатница во Германија ќе биде е 12,41 евра – повеќето се незадоволни


Во средата германската влада ја официјализираше одлуката за зголемување на законски гарантираната минимална плата за 82 центи, на 12,82 евра на час. Првиот дел од зголемувањето, на 12,41 евра, стапува на сила во јануари, а вториот на почетокот на 2025 година.

Министерот за труд Хубертус Хајл очекувано го потпиша указот за минимална плата според јунскиот предлог на мешовитата комисија на работодавачи и вработени за минимална плата.

Вкупниот пораст одговара на стапка од 6,8 отсто. Лабуристичките претставници во комисијата го одбија предлогот и побараа поголемо зголемување, но беа надгласани.

Дури и некои политичари од владејачката коалиција на Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц, Зелените и либералната ФДП не се задоволни од зголемувањето.

Заменик-шефот на парламентарната група на Зелените, Андреас Одретч, за агенцијата ДПА изјави дека зголемувањето „не е ништо повеќе од лоша шега“ и рече дека луѓето кои работат напорно заслужуваат повеќе.

Тој ја критикуваше Комисијата што прво објавила едногласен договор, а потоа се повлекла од него. Минатиот месец и Шолц во истата прилика ја критикуваше комисијата, барајќи идните одлуки за платите да бидат резултат на договор со консензуална поддршка, пренесува SEEbiz.