Од јануари 2026 година во основните училишта влегува вештачката интелигенција

Градење дигитална писменост, вештачка интелигенција, кодирање и логичко размислување како дел од редовната настава во основните училишта во Македонија, ќе почне да се спроведува од јануари 2026 година .
Како што најави министерот за дигитално општество Стефан Андоновски, во партнерство со Бритиш кансил и Министерството за образование, започнува нова фаза на програмата 24 сенчри скулс која ќе ги вклучи сите основни училишта во Македонија за градење дигитална писменост, вештачка интелигенција, кодирање и логичко размислување како дел од редовната настава.
Планирано е проектот да почне летово со подготовки на метеријали, а практичната примена во училиштата треба да почне во јануари 2026 година.
Ќе се работи сукцесивно со училиштата. Прво, тимот со помош на Бритиш кансил, ќе ги подготвуваат наставниците, а тие ќе го спроведуваат проектот во училница. Ќе почне да се применува прво во руралните општини, па ќе се движи кон централните општини.
Преку програмата Дигитална Европа со најзначајниот проект во неа: INNOFEIT – Европскиот дигитален иновациски хаб, кој е резултат на стратешка соработка меѓу Владата, академската заедница (ФЕИТ) и приватниот сектор, со инвестиции над 60 милиони денари, INNOFEIT ќе докаже дека Македонија има капацитет не само да следи, туку и да води регионални процеси во дигитализацијата и иновациите.