Од Димо Тодоровски до Мартиноски: Со поставката „75 / 75“ се одбележува јубилејот на Националната галерија
На 19.7.2023 година (среда), во 20 часот, во објектот Чифте амам, ќе биде отворена за јавност изложбата под наслов „75 / 75“. Со оваа изложба ги започнуваме активностите за одбележување на јубилејот 75 години од формирањето на Националната галерија.
На изложбата „75 / 75“ ќе бидат претставени дела од следните автори: Сава Шумановиќ, Матеј Стернен, Константин Данил, Никола Алексиќ, Стефан Тодоровиќ, Весна Соколиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ, Матеј Јама, Надежда Петровиќ, Зора Петровиќ, Пјер Крижаниќ, Петар Добровиќ, Моша Пијаде, Влахо Буковац, Крсто Хегедушиќ, Марко Мурат, Леон Коен, Целестин Медовиќ, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Ќорќи Јаков Зографски, Коста Шкодреану, Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Пандилов Аврамовски, Катја Ефтимова, Лена Стефанова (сликари); Антун Аугустинчиќ, Воин Бакиќ, Тома Росандиќ, Петар Палавичини, Иван Мештровиќ, Димо Тодоровски, Љубомир Стефановски, Борка Аврамова, Франо Кршинич, Борис Калин, Ристо Стијовиќ и др. (скулптори).
Изложбата ќе трае до 19.8.2023 година. На 2.8.2023 година, датум кој се совпаѓа со отворањето на Галеријата, влезот во сите објекти ќе биде бесплатен.