Од денеска задолжително носење на маска низ цел Париз


Носењето на маска од денеска е задолжително во Париз за пешаците, исклучоци се само „лицата кои имаат физичка активност – трчање или возење велосипед“ на сите јавни места, јави дописникот на МИА.

Наспроти првата најава на префектурата дека во Париз ќе биде задолжително за сите на јавниот простор, без исклучоци, префектурата по реакцијата на велосипедистите и општинските власти, државните власти попуштија. Од денес сите пешаци ќе мораат задолжително да носат маска, поштедени од ова се лицата кои трчаат и велосипедистите. Исто така децата помлади од 11 години не се обврзани да носат маска, појасни префектурата.

Париз и неговото опкружување се наоѓаат во црвената зона според циркулацијата на коронавирусот во Франција. Вкупно 21 департман во земјата се наоѓаат во оваа фаза, што му дозволува на префектите да донесуваат специјални мерки за контрола на епидемијата.