Од денеска сопрени возовите меѓу Швајцарија и Италија

 

Швајцарија и Италија ќе ги сопрат сите прекугранични железнички услуги од четврток, затоа што персоналот во возовите нема капацитет да ги изврши безбедносните проверки на Ковид-19 кои ги наложи италијанската влада, соопштија денеска од Швајцарската сојузна железница.

Олуката, која ќе важи неодредено време, погаа десетина дневни рути, вклучително и возовите на големи далечини меѓу Милано и Франкфурт во Германија, како и регионалните возови кои ги поврзуваат двете земји, во ситуација кога многу работници секојдневно патуваат преку границата од северна Италија во Швајцарија, пренесе Ројтер.

Швајцарија и соседните Италија, Германија и Франција ги редуцитаа возовите во ноември, но се поголем број случаи во текот на вториот бран од инфекцијата ја поттикна италијанската влада да изнесе нови барања, па железничкиот сообраќај ќе биде сопрен како и при првиот бран од пандемијата.

Италија не забрани патувања со воз во странство, но нејзините барања за мерење температура на птниците, го премашува капацитетот на персоналот на железницата, велу портпаролката на Швајцарските железници за Ројтерс, што доведе до одлука да се сопре железничкиот сообраќај меѓу Швајцарија и Италија.

Возовите од Швајцарија одат само до границата со Италија.