Од денеска исплата на октомвриските пензии


Фото: Б. Грданоски

Денеска започнува исплатата на октомвриските пензии.

Пензионерите кои не користат картички можат да си ги подигнат своите пензии во четири групи според распоред составен согласно висината на пензијата и тоа:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник);

За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник);

За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.11.2022 година (среда) и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 03.11.2022 година (четврток).