Од денес почнува исплатата на правата од социјална заштита

Фото: Б. Грданоски

Министерството за труд и социјална политика информира дека од 06.11.2020 година (петок) започнува исплатата на правата од социјална заштита за месец 10.2020 година:

• Гарантирана минимална помош ГМП

• Социјална парична помош-ретроактивна исплата

• Постојана парична помош-ретроактивна исплата

• Туѓа нега

• Еднократна парична помош

• Мобилност и слепило

• Социјално домување

• Социјална сигурност-социјална пензија

• Парична помош за згрижувач

• Паричен надоместок за згрижувачко семејство

Исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитурите  на банките, согласно  утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

– 6 ноември  (петок ) –А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

– 9 ноември (понеделник) –И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

-10 ноември (вторник) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 6  ноември  2020 година.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.