Од Дарио до Лоба- Скопје Сити Мол со празнична магија


Новогодишниот базар  кој мириса на цимет и вино ги привлекува посетителите веќе со недели, и тоа се заради интересни содржини и весела празнична атмосфера. Базарот работи секој работен ден од 17:00 часот, додека за време на викендите од 12:00 часот со детска програма.

Skopje City Mall ги најави музичките изведби отврени за јавност за оваа недела.

Тоа се:

Среда – Брејк Даун Бенд со Пеце Суперхикс 20:00 часот

Четврток – Камерен Oрекстар Битола “James Bond” 20:00 часот

Солисти: Наде Талевска, Ирена Димовска, Ана Христова

Петок – Божиќен оркестар и хор 19:00 часот и концерт на Дарио 20:00 часот

Сабота – Викторија Лоба 20:00 часот

Недела – Џанкјард бенд 18:00 часот

 

Во склоп на празниците е еден нов проект кој е интересен за јавноста, а тоа е празничниот настан кој ќе се одржи во петок од 19:00 часот. Станува збор за божиќен орекстар под палката на Андреј Наунов проследен со хор проект на продукција “Триангл”. Солисти, Полина Тасева, Елена Петреска и Јане Дунимаглоски.

Концертите ќе се одржат на надворешниот Новогодишен базар во Скопје Сити Мол.

(Пи-ар текст)