Од Благоевград тврдат: Нема културен клуб, нема барање, има само приватно собирање

Во Благоевград нема културен клуб, нема формално барање, нема културен центар или клуб. Ова е приватно изнајмување. Ова е приватен настан со приватни активности каде што ќе се собере народ приватно, изјави утрово во емисија на БТВ градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов, инаку кадар на „Има таков народ“, на Слави Трифонов.
За него отворањето македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ е провокација бидејќи немало воопшто официјално барање.
„Ако има провокација, тоа не е на официјалните власти, но ќе биде присутна полицијата“, рече градоналачникот Стојанов и додаде дека доколку има индиции за антидржавно дејствување ќе биде поднесен извештај и ја повика јавноста да не подлегнува на провокации.
„Благоевград е мултинационален град. Има американски универзитет, а Русите и Украинците живеат заедно. Се е нормално. Не мислам дека луѓето што живеат во Благоевград ќе попуштат под притисокот“, категоричен е Стојанов и нагласи „ако забележиме нешто, ќе реагираме“.
„ За мене ова е игра на клубови. Нашиот клуб е појак од вашиот. Скандалот кој ќе го предизвикаме ние ќе биде поголем од скандалот кој вие го предизвикавте. Многу смешна историја е според мене. Северна Македонија и Бугарија се закачени. Одблиску се следат нашите односи и се бара некаква реакција. Требаше да ги оставевме мирно да си ја отворат таа гаража во зградата, да си ја спроведат таа иницијатива во Благоевград и да не им обрнувавме внимание. Ако се соберат 10-15 луѓе нека си прават“, смета бугарскиот новинар Костадин Филипов.
Историчарот, пајк, Христо Матанов целиот настан во Благоевград го гледа исто така како провокација.
– Се очекува да има некакви протести, за после да кажат, видете и кај нас имаше протести и тука има. Едно исто е тоа. Бугарија не сака да ги пушти во ЕУ, создава преседани, бара причини и нешто така. За мене тоа е провокацијата, можеби е и поширока.
Ако отидете во Северна Македонија ќе видите српски весници, српски телевизии и што уште не. Бугарски весници има многу ретко, бугарска телевизија нема, имаше теза дека ќе се отвори филијала на бугарскиот универзитет, но тоа не се случи. Клубовите треба да ги зближуваат народите, а не да ги разделуваат. Ми се допадна тоа што го кажа градоначалникот, тој ќе прати полиција за секој случај за да нема кршење на стакла. Во секој случај она што се прави во Благоевград не смее дабиде како она што се случи во Битола и во Охрид, рече Матанов.
Запрашан за најавата дека македонски политичари како Христијан Мицкоски и негови сопартијци ќе присуствуваат на отворањето во Благоевград, градоначалникот рече:
-Не очекувам официјални лица да дојдат, зошто нема официјален настан. Не треба да се пропагира омраза. Секој кој ќе дојде е добредојден и ќе биде во функција на граѓанин, а не како политичар. Тоа ќе биде краткотраен настан и нема да ги навреди добрите односи меѓу двете земји, рече градоначалникот Стојанов, цитирајќи ги зборовите на Гоце Делчев како личност која ги обединува двата народи.
Соговорниците во студиото потсетија притоа на 90-тите години во Македонија кога се отвораат бугарски здруженија како што беше „Радко“ од Охрид чие основање помина неславно, со инциденти и со полициска интервенција, како и на редовното кршење на плочата на бугарската хероина Мара Бунева, кое редовно се случуваше на денот на нејзината погибија, 13 јануари во Скопје.