Од белеење на заби до зголемување на усни: Викторија Јаначковиќ има добри совети


Со завидно манекенско портфолио создавано 20 години, една од најомилените манекенки на македонската модна сцена и ексмис Викторија Јаначковиќ ги знае сите тајни и трикови за прекрасен изглед, самоуверено однесување и рушење на табуа. Сѐ уште барана како заштитно лице, кариерата ја продолжи во стоматологијата како семејно наследство (татко ѝ и брат ѝ се исто така стоматолози, а мајка ѝ имунолог), но во нејзината ординација во Скопје ги разубавува жените и со пеглање на брчките и со пополнување на усните.

Што треба да знае еден пациент кога доаѓа да прави корекција, Јаначковиќ објаснува во продолжение.

* Дали трендот на естетски третмани е во нагорна линија или во опаѓање?

-Сметам дека естетиката никогаш не “излегува од мода”. Но, како и следењето на модни трендови така и естетските корекции не спаѓаат во евтини третмани. Дали биле козметички, медицински, стоматолошки или дел од пластична хирургија, истите се многу захтевни и бараат одредено стручно, едукативно знаење и пракса. Мислам дека свесноста кај нас и потребата не се компатибилни. Познавам многу пациенти, кои се свесни дека им требаат одредени корекции, но не можат финансиски да го дозволат тоа.

* Кои естетски третмани се најбарани во вашата ординација?

-Пред сѐ јас сум стоматолог, а тоа подразбира една плејада од третмани како корективни така и естетски. Белеењето на заби е еден од трендовите кои пациентите редовно го прават. Ортодонција -исправување на забновиличните аномалии по многубројни студии претставуваат и социјален хендикеп. Не треба да се потцени вредноста на привлечната насмевка. Пријатниот изглед е од витално значење.Керамички фиксни протези се направени сод прочистени материјали, визуелно помалку видливи и имаат велика отпорност на дисколорација. Најбараните и најпроѕирните  брикети во светот се Radiance Plus брекетит на Амеерикан Ортодонтикс.

Во однос на дермални филери, кои се денеска многу актуелни, нивната апликација зависи од пациентот, здравствената состојба итд. Најбараните третмани со полнење на дермални филери се назолабијални бразди ( од носот кон устата), периорални бори (пушачки бори околу устата), пополнување на јагодици , обликување на брада и вилица (jaw line)…

* Што треба да знае еден пациент кога доаѓа да прави корекција?

-Недела дена пред закажаниот третман пациентот не треба да користи аспирин, противвоспалителни  лекови како што е ибупруфен, рибино масло, мултивитамини или витамин Е. Секој од овие витамини или лекови ќе ја разреди крвта и може да предизвика модринки по третманот со хијалуронски филери. Најдобро е алкохол да се избегнува 24 часа како и кофеинот по третманот затоа што тоа ќе помогне во намалување на отоци.

* Колку менталната подготовка е важна за третманите?

-Пред сѐ, не брзајте. Со вбризгување на релативно мало количество на хијалуронски филери во две или три посети ќе помогне на вашите усни да го одржат и подобрат обликот. Со тоа ќе избегнете “duck effect” , паткасти усти или не рамномерно пополнување на брчките.

Она што е важно да се знае кај зголемувањето на усните е дека забите ги допираат вашите усни, така да нерамни заби можат да створат нерамни усни, па добро размислете дали ви е потребен пред сѐ стоматолошки третман.

Погледнете си го лицето како целина и пробајте да разберете како би изгледале вашите полни усни или некоја друга корекција на целиот изглед на вашето лице. Размислете добро колку полни усни би сакале да имате. Доколку сакате голема разлика , јасно и гласно кажете му на лекарот дека тоа го сакате. За “пополна усна“ хијалурон се вбризгува директно во вашата уста, а доколку сакате поприроден изглед, хијалуронот се вбризгува на работ на усните или се става многу мала количина. Кај пополнување на длабоките брчки мора да бидете свесни дека со хијалуронски филери не може да се постигне полн ефект на исправување на брчките со еден третман, ама можат значително да се намалат  и да се врати природната еластичност на кожата.

* После колку време по третманот е видлив резултатот?

-Постапката е многу брза и резултатите, исто така. Третманот обично трае 30 мин до еден час, вклучувајќи и разговор со вашиот лекар како би сфатил кои точно резултати ги очекувате/.По третманот веднаш се гледаат резултатите.

Бидете спремни дека можат да се јават подливи или модринки- не веднаш по третманот , но следен ден веќе е можно.. Отокот треба да се повлече во рокот од три дена . Доколку осетите било какви пренападни нерамнини тоа е знак дека хијалуронот се наоѓа премногу блиску до површината на кожата, тоа обично исчезнува но може да е потребна и корекција.

* На што треба да се внимава по секој  третман?

-Без разлика колку овој третман е миниамлно инвазивен, сепак постојат мали убоди поради кои би требало да се внимава да не дојде до инфекција. Перење на лицето со ладна вода, 24 часа не користење шминка и други козметички препарати, без пушење, сончање и соларијум.

* Дали кога ќе почнете со естетски третмани, тоа значи постојано обновување или освежување на истите?

-Хијалуронските филери пред сѐ се дермални продукти на база на хијалуронска киселина , која нормално се наоѓа во сврзното ткиво на човечкиот организам. Како со текот на годините  се разградува, така и се губат нејзините позитивни  својства, што најмногу се одразува на кожата и на усните.  Благодарејќи на можностите на синтетизирње на хијалуронска киселина денеска дермалн иили хијалуронски филери се користат во естетската медицина на широко.Нивна предност е во тоа што се природни препарати со помош на кои се враќа еластицитетот на кожата, свежината и младешкиот изглед, а на усните се зголемува волуменот, со задржување на својот природен облик.

Трајноста на истите е 9 до 12 месеци, така да секако пациентот може да дојде на консултација по тој период и да го повтори истиот.

* Дали убавината е во очите на тој што гледа, или станува единствен императив во светот за напредување во професијата, особено во шоу-бизнисот?

-Сепак сум за теорија на универзална убавина. Убаво е убаво. И можеме да го негираме но сепак е така. Моника Белучи е универзално убава жена. Дали е ваш тип, е прашање на вашите лични ставови и вкусови и формули за убавината. За разлика од нејзе, Барабара Стрејсенд и Бет Дејвис како и Мерил Стрип се жени кои немаат класична убавина, но се со извонредна харизма и содржина, така да како магнет ги привлекувле сценаристите, продуцентите како и најубавите мажи. Доколку мене ме прашате за најубавиот маж, тоа секако нема да биде Бред Пит и Леонардо ди Каприо. За мене е тао е Винсент Касел. Секако дека во шоу бизнисот убавината има посебно значење, но шоубизнисот стана машина за правење копи пејст жени и тоа е она што кај мене лично создава мислење дека сите сакаат исто да изгледаат и да се водат по еден ист урнек. Тоа е за мене лично грозно.

Л. Сабит