Од Антикорупциска тврдат: Постапката против Мицкоски запира поради непотврденост на наводите


Државната комисија за спречување на корупција денеска официјално донесе одлука за наводите кои ги изнесе СДСМ околу тоа дека Христијан Мицкоски незаконски се стекнал со имот и изградба на мали хидроцентрали.

Во својата одлука ДКСК констатира дека обвинувањата се неосновани, односно нема потврда на наводите поради недостаток на докази.

„Врз основа на допрен глас за злоупотреба на службената положба и овластувања од страна на Христијан Мицкоски, во периодот 2015-2017 година кога како светник на премиерот на Владата на Република Македонија од областа на енергетиката, член на надзорен одбор, а потоа и член на упрвен одбор и фенерален директор на АД Еектрани на Република Македонија влијаел при одлучувањето и избор на најповолна понуда за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 80 млади хидроелектрични централи, како и влијаел на разни согласности за долготраен закуп на грaдежно земјиште одобренија за градење итн., во корист на правното лице „Минка енерготек“ ДОО Скопје, каде Христијан Мицкоски има сопственички удел, СЕ ЗАПИРА поради непотврденост на наводите, стои во образложението на ДКСК.