Од 27 септември досега загинаа 542 ерменски војници во Нагорно Карабах


Седумнаесет ерменски војници беа убиени во нови борби во Нагорно Карабах со што вкупната бројка е 542 од избувнувањето на вооружениот конфликт на 27 септември, соопштија денеска официјални лица на самопрогласената република Нагорно Карабах.

Во судирите што избувнаа во Нагорно Карабах од 1990 година, загинаа околу 30.000 луѓе.