Од 2 септември исплата на парите за социјална заштита за август


Министерството за труд и социјална политика најдоцна до 1 септември ќе треба до банките да ги достави податоците за корисниците на социјална заштита со цел веќе од 2 септември да се обезбеди исплата на парите за август.

Од владината прес- служба попладнево соопштија дека на денешната владина седница е усвоена Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за август 2020. година.