Обвинителството нема да ја гони министерката Ангеловска заради случајот Еуростандард банка

До сега не е отворен предмет за повлекувањето на парите од страна на министерката за финансии Нина Ангеловска, изјавиле за ТВ 24 од Јавното обвинителство.

Од таму појасниле дека обвинителството постапува само ако се утврдени елементи на кривично дело, а повлекување на пари не е тоа, затоа што парите се сопственикот.

Вчера Петар Гошев, екс гувернер на Народната банка на Македонија и поранешен министер за финансии, во интервју за ТВ 24 меѓу другото изјави дека Ангеловска како член на Комитетот за финансиска стабилност имала увид во состојбата во финансискиот сектор во државата, а со тоа и увид што се случува во банкарскиот систем.

„Ако нема кривично дело врз основа на закон, во секој случај овде има голем, голем етички проблем од страна на министерката“, изјави Гошев.