Обвинителството истражува сомнително политичко рекламирање со државни пари
Имено, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави известување според кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност.
Во насока на утврдување на наводите од известувањето, во текот на утрово во координација со обвинителството, Министерството за внатрешни работи спроведе акција при што е одземена документација од три фирми кои ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции, соопшти официјално ОЈО.
Некои медиуми известија дека се работи за фирми и портали на кои се рекламирало ВМРО ДПМНЕ и на кои им се префрлени големи суми пари од буџетот наменет за изборно рекламирање.