Обвинителството бара да се симне имунитетот на Борисов поради случајот „Барселонагејт“
Софиското градско обвинителство побара да се симне пратеничкиот имунитет на лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, кој во моментов е пратеник. Причината е покренувањето кривично гонење против него за перење пари во озлогласената куќа во Барселона.
Ова барање е поради предистражната постапка во случајот познат како „Барселонагејт“.
Од прибраните докази во текот на предистражната постапка може да се заклучи дека поранешниот премиер на трети лица им обезбедувал средства стекнати како резултат на стореното кривично дело за купување и закуп на недвижен имот во странство.
Ова е сериозен пробив во долго одложуваната истрага за случајот, а имунитетот на Борисов се очекуваше да биде побаран уште пред десетина дена, но тоа не се случи.
Во меѓувреме, од ГЕРБ изјавија дека ќе гласаат против симнување имунитет на кој било пратеник.