Обвинителите го избраа Ислам Абази, а не Русковска да го води најважното обвинителство


 

Вилма Русковска не успеа да го задржи главното место Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција по денешните избори. Обвинителите на непосредни избори го избраа Ислам Абази, досега шеф на вишото обвинителство во Гостивар, за нејзин наследник.

Според резултатите што ги објави претседателот на Советот на јавни обвинители, тој победил со само два гласа повеќе пред скопскиот обвинител Ермон Незири: Абази освоил 66, а Незири 64 гласа. Инаку, гостиварскиот обвинител Ислам Абази е непознат за јавноста.

Во трката учествуваа и Деса Пауновска, како и суспендираната Русковска. Тие добија далеку помалку гласови, Русковска 14, а Пауновска 10. Право на глас имаа 163 обвинители од државата.