Обновата на Нотр Дам почнува во јануари 2021


Франција- Ублажувањето на строгите мерки кои во Франција се воведени поради пандемијата на коронавирус  овозможи продолжување на градежните работи на омилената париска катедрала Нотр Дам, чија обнова почнува во јануари 2021.

Според француските медиуми, на почетокот на јуни е продолжен комплицираниот процес на отклонување на скелите кои се наоѓааат во еден дел од оваа готска градба. Тие не се поместени по пожарот во април, лани, ни изминативе месеци, иако беше планирано, заради короната.

-Кога тоа ќе се случи, ќе може да почнеме со обновата.Иако можни се секакви ситуации, изјави за „Франс 24“ надбискупот Мишел Опети.

Лани, претседателот на Франција Емануел Макрон изрази уверување дека Нотр Дам во рок од пет години ќе биде обновен, откако во големиот пожар катедралата речиси изгоре.

-Ние повторно ќе го изградиме Нотр Дам, катедралата ќе биде уште поубава, а јас сакам се да заврши во рок од пет години, изјави Макрон, дополнувајќи дека катастрофата треба да биде претворена во шанса за здружување и слога.

Досега донациите од големите претпријатија и француските богаташи за обнова на катедралата Нотр Дам надминале сума од 600 милиони евра.

Најголемите донации доаѓаат од семејството Бетанкур кои најавиле дека ќе дадат 200 милиони евра, а истата сума ја ветиле и семејството Арно, додека по 100 милиони евра ветиле нафтената компанија „Тотал“ и семејството Пино кое ја води компанијата „Керинг“.