Обложувалниците и казината се селат на 500 метри од училиштата, усвоен законот


 

Обложувалниците и казината се селат на 500 метри од училиштата.

Собранието денеска со 55 гласови „за“ ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Владата со европско знаменце.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) претходно организираа протест пред законодавниот дом изразувајќи го револтот предлог-законот.

Оттаму, тие побараа претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот за стапување во сила на законот, велејќи дека со измените ќе се затвори гранка во која има илјадници вработени, а кои со измените на законот ќе останат без работа.

Со измените на Законот, цената за една лиценца за обложувалница ќе порасне од 105 илјади на 200 илјади евра. Истовремено, се ограничува бројот на уплатно-исплатни места на 25 со една издадена лиценца, а дополнително, за секое следно уплатно-исплатно место над 25-тото, приредувачот ќе треба да плаќа надоместок од 10.000 евра.

Меѓудругото, со измените се предвидува автомат клубовите сега да плаќаат за лиценца која ќе чини 100 илјади евра, наместо 78.750 евра. Таа, ќе биде ограничена на три деловни простории за кои автомат клубовите ќе треба да плаќаат надоместок во износ од 30.000 евра.