Облачно со сончеви периоди, по контлините наутро магла


Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во земјава. По котлините ќе има магла или значителна ниска облачност која попладне ќе се намалува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура до 1 и максимална до 9 степени.

Синоптичарите најавуваат период на стабилно и суво време со умерена до значителна облачност најизразена во недела и понеделник. По котлините и понатаму ќе има појава на магла.