Облачно, со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а во источните делови ќе има услови за појава на грмежи. Во утринските и претпладневните часови на повеќе места се очекуваат пообилни врнежи кои локално ќе достигнат над 20 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни, особено претпладне и околу пладне. Ќе дува умерен претежно западен ветер. Температурата ќе достигне 13 степени.

Во изминатото деноноќие најмногу дожд, 24 литри на квадратен метар наврна во Крива Паланка, 22 во Берово, Струмица и Демир Капија, 20 во Прилеп, 19 во Ѓуриште, 18 во Штип, 16 во Пожаране и Маврово, 13 во Скопје намерното место кај Зајчев Рид, 12 во Виница, 11 во Тетово и Гевгелија, 10 во Дојран, девет во Битола, шест во Скопје кај Петровец, пет во Крушево, четири во Тополчани, три во Дебар и два литри на квадратен метар во Лазарополе.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во наредниот период ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повеќе сончеви периоди и претежно стабилно ќе биде во четврток.