Облачно со локален дожд, викендов сончево


Времето во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, претежно во северните делови. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе биде во интервал од седум до 16 степени, а дневната од 17 до 25 степени. Во Скопје слично време со температура до 23 степени.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минимална температура ќе се движи од шест до 15 степени, а максималната од 20 до 26 степени.

В недела ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 12 степени, а максималната температура од 22 до 28 степени.