Облачно со дожд на пониските , а снег на некои од повисоките места и планините


Фото: Б. Грданоски

Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег.

Како што информираат од УХМР, ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.