Облачно со дожд и температури до 22 степени


Фото: Б.Грданоски

Времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен претежно југоисточен ветер.

Преку денот врнежите од дожд ќе се преместат кон истокот, каде што ќе бидат и поинтензивни, а на крајниот југоисток ќе има и услови за појава на ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната од 17 до 22 степена.

Во Скопје променливо облачно со услови за краткотарен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температураа ќе биде од 11 до 20 степени.