Облачно и нестабилно со услови за пороен дожд


Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде облачно и нестабилно, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има пообилни врнежи над 20 литри на квадратен метар, наместа во форма на невреме со електрични празнења и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 24 степени.

Утре условите за нестабилност ќе се намалат, а ќе преовладува посончево и топло време со засилен северен ветер. Од четврток попладне повторно ќе има изолирана појава на дожд и грмежи.