Облачно, а од пладне нестабилно

Фото: Б. Грданоски

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме и со услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне ќе има променлива облачност, а од пладне повремено ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во вторник ќе почне да дува и силен северен ветер, а од среда следува постабилен период.